БУГАРСКАТА ДУМА: Заев ја отвори пандорината кутија во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сосем поинаков поглед од државната политика на Бугарија кон Македонија носи анализата насловена „Заев ја отвори македонската Пандорина кутија“ во денешниот број на бугарскиот весник „Дума“. Според неа, цената за членството во НАТО продолжува да се зголемува со нараснатите апетити на албанското малцинство и на Грција, која не се задоволува само со промената на името во Северна Македонија, пренесува Експрес.

„На прво место, очекувано, но и најопасно за унитарна Македонија, албанските партии во Парламентот најавија дека гледаат во идната промена на Уставот историска можност да се запише во него дека Албанците се државотворен фактор и на тој начин дополнително да го засилат мултиетничкиот фактор на поранешната југословенска република. Формален повод за покренувањето на прашањето е вметнувањето во Преамбулата на Уставот на Охридски мировен договор од 2001 година. Очигледно е дека, ако барањето на Албанците биде исполнето, следниот чекор ќе биде барањето за територијална автономија, проследена по природен пат со ликвидирањето на земјата во нејзините сегашни граници.
Желбата на Албанците за сè повеќе права, кои во еден момент ќе го обесмислат нивното понатамошно останување во една држава со словенското мнозинство, е целосно логично со оглед на сè поголемата беспомошност демонстрирана од премиерот Зоран Заев. Тој во суштина е политички заложник на Албанците и на западните амбасади, без кои неговата легитимност како државен раководител ќе биде ставена под силно сомневање. Ова се должи на резултатите од неуспешниот референдум за името на Македонија. Во него фактички учествуваа главно Албанците, мизерен дел од другиот дел на македонското општество, а мнозинството од тие со право на глас реши да ги поддржи бојкотот на кој повика ВМРО-ДПМНЕ. Само масовната западна поддршка и конкретното купување гласови од опозициски пратеници, засега ја спасија власта на Заев, но не и неговиот имиџ. За оние што го поддржуваат, угледот на македонскиот премиер е последното нешто што ги возбудува. Во случајот со Македонија за западните држави беше најважно да покажат дека другите земји ја прифаќаат нивната волја без забелешки, но тоа не се доби. Македонците сакаат да станат членки на ЕУ, во тоа нема сомнеж, но тие не сакаа да го сменат името на својата земја за да станат членки на НАТО, по што евентуално некогаш да бидат примени во клубот на богатите и успешни европски земји. Тие не сакаа тоа да биде по пат на национално понижување, но не им беше понудена алтернатива“, пишува во подолгиот текст, во чие продолжение се објаснува и сè посилната позиција и аналогно на неа сè поголемите барања од Грција.

„Неодамна грчкиот претседател Прокопис Павлопулос рече дека е загрижен што преку членот 36 од Уставот ќе продолжи да се споменуваат Македонија, македонски народ и идентитет. Павлопулос не го прифаќа објаснувањето дека имињата за кои станува збор се користат само во историски контекст. Грчкиот претседател, соопшти агенцијата Фокус, сака идната Северна Македонија да се обврзе писмено дека Договорот од Преспа не значи признавање на постоењето на македонската нација. Освен дека направија сè за да го одземат името на земјата, Грците сега, мотивирани од своите национални интереси, сакаат од Скопје да го тргне дури и самото споменување дека постои македонска нација (друго прашање е дали има таква нација или не).

Пред БТВ претседателот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, коментира дека Зоран Заев ветил да не го чепка Уставот, за да не ја отвори Пандорината кутија и да не минат други барања. Е, Заев го чепна Уставот и сега ќе мора да содржи нови и нови барања, кои во суштина водат прво кон демонтирање на државноста, а во подоцнежна фаза можат да доведат и до демонтажа на денешната земја со главен град Скопје.
Но, тоа не е толку важно за САД и за другите заговорници за проширувањето на НАТО, бидејќи тоа треба да послужи како потврда за водечката улога на Западот, ако не во светските, тогаш барем во европските простори. Важно уште еднаш демонстрираа дека успеале да им ја наметнат својата волја кај Македонците. Но, за разлика од претходните децении, кога источноевропските држави правеа компромиси со суверенитетот за да членуваат во двата сојуза и кога членството во НАТО значеше задолжително предворје пред членството во ЕУ, сега работите стојат сосема поинаку.

ЕУ нема да се прошири во догледна иднина, Унијата во моментов се бори за сопствен опстанок во форма во каква што постоеи. Додавањето на нови, нестабилни региони само ќе ги зголеми центрифугалните тенденции. Така што членството во НАТО останува единствената добивка за Македонците или Северномакедонците, добиена со промената на името на земјата и со очигледниот раскол на нацијата, за која Грците не сакаат да ни слушнат дека ја има. Премногу сомнителна придобивка, која тешко дека ќе ги сопре несреќите и бедите кои допрва ќе излегуваат од македонската Пандорина кутија“, заклучува авторот Георги Георгиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This