Бугарската национална телевизија од 1-ви март ќе се емитува и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На состанок кој го одржал Бучковски заедно со амбасадорот на Бугарија во Македонија, директорите на АВМУ и Телеком било договорено од 1-ви март да започне реемитување на бугарската национална телевизија во Макеоднија на операторот Телеком, дознава ТВ21

Средбата се одржала денеска, а тоа го соопшти Костадин Филипов на социјалната мрежа Фејсбук.

Претходно на дел од операторите веќе се реемитуваше програмата на БНТ на територија на РМ.

Договорено е и МРТ да се реемитува на територија на Бугарија, како и државните агенции да имаат свои дописници.

Во 2014 година во Охрид беше потпишан исто договор за реемитување на МРТ и БНТ на територии на Македонија и Бугарија, но зошто тој не се почитувал останува нејасно.

Инаку Владата го назначи Бучковски за специјален претставник на земјава за решавање на спорот со Бугарија по даденото вето за почеток на пристапните преговори на РСМ со ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This