БУГАРСКА ПРОПАГАНДА СЕ ШИРИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Договорот за „добрососедство“ ги прави Македонците во Албанија – Бугари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење, после велепредавството со Договорот Заев-Борисов за ревизија на македонската историја, Софија ја засилува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора и Жупа на Косово и во Република Албанија, претставувајќи ги за “Бугари“.

СМК ја осудува бугарската пропаганда во Албанија и Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“.

СМК и натаму повторува дека Македонците во Албанија и Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Албанија и Косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат “Бугари“!

СМК апелира Владата да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Албанија и Косово.

СМК повторува дека се’ додека за Софија Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Договорот Заев-Борисов ќе биде велепредавство на државата Македонија и Македонската нација!

22 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This