Бугарскиот европратеник Радев ѝ порача на ЕУ: Во Бугарија нема македонско малцинство – нема компромис за тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот пратеник од поранешната владејачка партија ГЕРБ, Емил Радев, апелираше до колегите од Европскиот парламент да не се обидуваат да ја промовираат темата за постоењето на македонското малцинство во Бугарија. Како што вели, во земјата нема македонско малцинство.
Во таа насока, пратеникот наведува дека претседателката на делегацијата, Софија инт Велд од либералната политичка групација „Обнова на Европа“ и претставничката на европската левица, Клер Дејли, си дозволуваат да си играат со тема што нема никаква врска со реалноста.
„Во Бугарија нема македонско малцинство и тоа е став околу кој не треба да се дозволуваат компромиси. Очекувам дека јас и моите бугарски колеги во ЕП едногласно ќе го браниме тој став – без разлика на нашите политички склоности. Поигрувањето со темата, која си ја дозволува екстремната левица на популисти како ирската пратеничка Клер Дејли, во најмала рака противречи на вистината и во суштина претставува неправеден и пристрасен напад врз нашата земја“, посочи бугарскиот политичар.

Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи состави извештај на 17 ноември по посетата на делегацијата на Европскиот парламент на Словачка и Бугарија во септември оваа година. Не зборува директно за македонското малцинство, но зборува за дискриминација на некои групи кои го претставуваат малцинството. Други социјални групи како што се ЛГБТ и етничките Роми се експлицитно именувани во извештајот.

Да потсетиме дека во Бугарија нема признати малцинства, иако Турците се трета по големина етничка група во земјата. Според пописот од 2011 година, 1.654 лица се изјасниле како Македонци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This