Бугарскиот културен клуб до Заев: Подарете ѝ ги спомениците на Грција и откажете се од историјата која не е ваша

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот културен клуб (БКК) од премиерот Зоран Заев, министерот за надвореши работи, Никола Димитров и претседателот на Собранието, Талат Џафери, бара во знак на добра волја Македонија да ѝ ги подари на Грција сите споменици што се посветени на античка Македонија, а истовремено да не именува улици и институции со имиња на историски личности што претставуваат конфликт на интереси меѓу двете земји, пренесува Макфакс.


Целта на Бугарскиот културен клуб, како што велат, е брзо решавање на спорот за името што Грција го има со Македонија, па според нив, цената што треба да ја плати Македонија е откажување од историјата за која БКК вели дека е измислена.

Во декларацијата што тие ја испратиле до владејачката структура наведуваат дека Македонија треба да отфрли тврдењето дека Македонците се наследници на античкото македонско царство. Тие ја поддржуваат Македонската православна црква – Охридска епархија која побарала од БПЦ да биде нејзина црква мајка.

„Настојуваме во договорот кој ќе ги регулира односите меѓу нашата земја и Грција да биде запишано дека сите земји, кои вклучуваат во сопствените граници дел од географска Македонија, да имаат право да го користат името Македонци и македонски во духот на своите историски и етнографски традиции – за песни за етнографски носии, трговски марки, традиционална литература и историски настани и факти што го вклучуваат името Македонија придавајќи му смисла што преовладува во соодветната земјата“, велат од БKК за декларацијата, а пренесува Макфакс.

Нивната цел со оваа декларација е брзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, како и добрососедски односи со Грција и Бугарија.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This