April 24, 2024, 10:06 am

БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО НЕГОВИ БАРАЊА ЗА НАШЕТО ИМЕ: Бугарија не поддржува географска одредница штетна за интересите на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија нема да поддржи решение со географска одредница за името на Македонија кое би ги загрозило интересите на Бугарија. Ставот на соседната држава го повтори денеска бугарскиот претседател Румен Радев, за време на официјалната посета на Скопје и по средбата со претседателот Ѓорге Иванов. Иванов изјави дека решението треба да се најде во рамките на одредбите на ООН.

Првин треба да нагласам дека не станува збор за никакви санкции од страна на Бугарија. Ние јасно ја кажавме нашата позиција. За нас е важно можното ново име кое би било резултат на овие разговори, да не содржи географска одредница која е дел од територијата на Република Бугарија”, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Ова е прва официјална посета на бугарски претседател на Македонија по многу години, а и прва по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, прва откако Бугарија го презеде претседателството со ЕУ.

Имаме шанса зад себе да ги оставиме парадоксите во нашите односи. Тоа се семејните и пријателските врски меѓу двата народа. Од друга страна гледам сериозно отсуство на политичка доверба што верувам дека ќе остане во историјата“, истакна бугарскиот претседател, Радев.

Радев го покани Иванов да ја посети Софија на 6 мај, Денот на храброста и бугарската војска. За време на дводневната посета на Скопје, Радев и неговата делегација ќе се сретнат и со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и со претставници на Македонската православна црква.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This