April 25, 2024, 11:57 am

Бугарските „пасоши за пари“ под лупа на американскиот Стејт Департмент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Стејт Департмент ја предупреди Бугарија дека ако земјата сака нејзините граѓани да го користат статусот на безвизен режим со САД, треба да го „исчистат нередот“ кој настана по скандалот со издавање на пасоши за пари, пренесува бриселски Еуроактив.

Според порталот, Американската страна бара Бугарски пасоши да се издаваат само на проверени граѓани кои не претставуваат закана за внатрешната безбедност на САД.

Скандалот со „пасоши за пари“ датира од 2018 година, кога бриселски Еуроактив откри шема во која за сума од 5.000 евра секој можеше да се стекне со бугарска патна исправа, со што се отвораше безвизниот режим кон цела Европа и поголем дел од светот.

Државната агенција за Бугари во странство конкретно беше инволвирана во шемата, поради издавањето на сертификати за бугарско потекло, како задолжителен документ при апликација за бугарски пасош, за пари. За овој скандал директоорт на агенциајта беше во неколкумесечен притвор.

ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов е центар на истрагата на бугарските власти, кои пак во времето на Бојко Борисов вршеа притисоци истратага да не ги зафати водечките политички фигури во земјата.

Безвизен режим со САД најавено е декеа ќе добие Хрватска и Црна Гора до крајот на годината. Со тоа, само Кипар и Бугарија ќе останат членки на ЕУ на чии граѓани задолжително ќе им се бара виза при влез во САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This