БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН КУПУВА МАКЕДОНСКИ ГЛАСОВИ ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ: Ова е бизнисменот кој одговори на повикот на Заев да се купуваат гласови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Николај Влаканов е името на сопственикот на бугарската компанија „Минстрој“, кој, како што изјави премиерот Зоран Заев, ги повикал работниците да гласаат на референдумот и им ветил дека ќе им даде награда плус.

-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со Влаканов, инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев синоќа во Крива Паланка – изјави премиерот вчера на митингот во Крива Паланка.

Економски Лидер стапи во контакт со рудар вработен во еден од рудниците на „Минстрој“. Тој ја потврди информацијата дека над работниците се вршел жесток притисок да излезат на референдум.

– Има тајност на гласање. Но ни рекоа дека мора да излеземе и дека на крај ќе се знае кој излегол а кој не. – сведочи за Лидер работникот кој плашејќи се за своето работно место, сака да остане анонимен.

Со Изборниот законик и Законот за референдум најстрого се забранува вршење на притисок за излез на гласање. Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица, стои во Изборниот законик. Никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум, стои во Законот за референдум.

Според ова, Основното јавно обвинителство треба да покрене постапка и да утврди, дали постоеле вакви притисоци врз вработените.

Инаку бугарската компанија „Минстрој“ ги држи под концесија рудниците „Злетово“ и „Тораница“.

„Минстрој“ има големо искуство во областа на рударството во Бугарија и во светот и има рудници во Африка, во Европа, па дури и во Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This