April 23, 2024, 10:44 am

БУГАРСКИ ВОЗ ОД КАРПОШ ДО ОХРИД: Гласачки ливчиња од Карпош се најдени во Охрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секојдневно се зголемуваат доказите и информациите за тежок изборен фалсификат кој се случил на локалните избори. Притисоци, закани, уцени, поткуп, ангажирање на лица од подземјето, и директна злоупотреба на моќта на државните органи во функција и во интерес на партијата на Заев се само дел од арсеналот на тешки нерегуларности кои се случија во неделата на 15 октомври.

Фрапантен пример е случајот со изборите во Охрид каде што на неколку избирачки места се пронајдени гласачки ливчиња за локалните избори во Карпош.

На избирачкото место  1310/1 и на избирачкото место 1262, и двете во Охрид, каде што гласаат над 1200 лица, се најдени ливчиња за изборите во Карпош.

Од ова недвосмислено произлегува дека гласачките ливчиња од Карпош биле изнесени до избирачкото место и со тие ливчиња се има случено т.н бугарски воз најпрво во Карпош а потоа и во Охрид. Односно гласачкото ливче од Карпош е украдено и изнесено од избирачкото место, потоа на тоа ливче се заокружува бројката пред кандидатот на СДСМ и му се дава на лице кое оди да гласа и кое има задача веќе заокруженото ливче кое му е дадено да го внесе во гласачката кутија, а ливчето кое му го дал избирачкиот одбор да го сокрие и изнесе од гласачкото место и да му го предаде на лицето кое претходно му го дало заокруженото ливче, и така тој циклус продолжува во континуитет да го дава по истиот метод и на други лица…Значи не се работи за само едно ливче, туку со тоа украдено и изнесено ливче гласаат и други десетици, стотици па и илјадници лица.

Но овој скандал не завршува во Карпош. Истото гласачко ливче од Карпош кое е претходно украдено и изнесено, потоа се транспортира во Охрид, каде што ливчето од Карпош се внесува во гласачките кутии на избирачкото место во Охрид, а лицето кое гласа го зема гласачкото ливче од Охрид и го изнесува од гласачкото место. Потоа на тоа ливче се заокружува кандидаот на СДСМ и се предава на друго лице кое треба да гласа и кога тоа лице оди да гласа го остава во кутијата ливчето кое му е дадено и е веќе заокружено а ливчето кое го добива од страна на избирачкиот одбор го изнесува надвор и така овој циклус продолжуав и понатаму при што се опфаќаат десетици и десетици и стотици гласачи кои се принудени со уцени, закани, поткуп и други недемократски методи да внесувата во кутија претходно заокружено ливче со кандидатот на СДСМ.

Познавачите на изборните правила велат дека на овој начин е направен тежок фалсификат на изборите и во Карпош и во Охрид и тоа не само на гласачките места од каде што е украдено ливчето од Карпош и гласачките места каде што е најдено ова ливче во Охрид, тулу и на другите избирачки места во овие општини, и тоа е недвосмислено точно. Но со ова ливче може да се влијаело и на други избирачки места во други општини.

Во вакви ситуации и при вакви докази изборните органи треба да ги поништат изборите во Карпош и Охрид.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This