БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР: На Македонците им е испран мозокот, затоа тврдат дека Гоце Делчев е Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците размислуваат како денес во Македонија се прифаќа Гоце Делчев, но тоа „како се прифаќа“ е производ на едно речиси стогодишно перење мозоци. Затоа македонските историчари нека бидат така добри да се вратат кон изворите на историјата-тие се нејзина основа. Тоа го прават нашите експерти и така треба да биде, вели Николов

Бугарски историчар: Тоа што го знаете вие за Гоце Делчев е резултат на стогодишно перење мозоци

Георги Николов заменик декан на Историскиот факултет при Софискиот универзитет, смета дека Скопје и Софија треба да го чествуваат заедно 5 мај, денот кога зaгинaл Гоце Делчев.

Во интервју за софиски „24 часа“ тој ја отфрла идејата да се чествува 7 октомври, денот кога биле префрлени мoштитe на Делчев од Софија во Скопје.

Според мене, денот што двете држави треба да го чествуваме е 5 мај – зaгинuвaњeтo на Гоце Делчев. А, на 7 октомври Софија му ги предава мoштитe на Гоце Делчев на Скопје. Денес тие се положени во огромен камен caркофаг во Стариот град и таму се положуваат цвеќиња. Но, дури и во Народна Република Македонија, што се наоѓаше во рамки на Југославија, никој не го одбележуваше 7 октомври, туку денот на неговото зaгинyвање. И, впрочем, не е лошо да се раскаже кој и како ги спасил тие мошти и ги донел во Бугарија, пред комунистите со лесна рака да им ги предадат на Македонците, вели Николов, а пренесува Пресинг ТВ.

Николов оценува дека двете страни во „бугарско-северномакедонската“ комисија поаѓаат од две различни гледни точки. Бугарската од историска, а македонската од идеолошки размислувања и тоа од современа гледна точка.

Македонците размислуваат како денес во Македонија се прифаќа Гоце Делчев, но тоа „како се прифаќа“ е производ на едно речиси стогодишно перење мозоци. Затоа македонските историчари нека бидат така добри да се вратат кон изворите на историјата-тие се нејзина основа. Тоа го прават нашите експерти и така треба да биде, вели Николов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This