April 24, 2024, 11:13 pm

БУГАРСКИ КУПУВАЧ ЗА „ФЕНИ“ НЕМА: Кочо Анѓушев лажеше за некаков бугарски купувач, „Фени“ во стечај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје како најголеми доверители на „Фени индустри“ Кавадарци, денеска до надлежниот суд во Велес поднесоа предлог за реструктуирање и реорганизација на Фени со отворање на стечајна постапка, пренесе МИА.

Од банките посочуваат дека компанијата „Енекод“ не ги исполнила превземените обврски кон вработените и с еуште нема постигнато согласност со нив за регулирање на обврските на комбинатот „Фени индустри“, а веќе се претставува како сопственик.

Бугарската компанија „Енекод“, која требаше да го купи кавадаречкиот комбинат „Фени“, не ги уплатила потребните средства за да ја потврди купопродажбата. Лажни беа ветувањата на македонската Влада дека проблемот ќе биде решен.

Ситуацијата малку ја смирија најавите дека бугарска фирма го купила „Фени“, но оваа информација се покажа дека е лажна и револтот кај вработените дополнително се зголеми.

Бугарски „Енекод“ не може да го преземе „Фени“ иако договорот за купопродажба беше најавено дека ќе се потпише.

– Владата е посветена на изнаоѓањето решение, интензивно разговараме и со сопственичката структура и со менаџерскиот тим на „Фени“ да изнајдеме решение како овој проблем да биде решен. „Фени“ е голем индустриски капацитет, истакна Анѓушев.

Сметките на „Фени индустри“ се уште се блокирани иако вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев неодамна изјави дека Владата е посветена на изнаоѓање решение за проблемот со Фени.

-Целта на поднесувањето на стечајната постапка, како што информираат доверителите, е во најкраток можен рок со продолжување на активностите на Фени индустри да се изврши реорганизација. Тие предлагаат да се изнајде сериозен инвеститор кој ќе може да ги преземе и сервисира обврските на Фени индустри кон вработените, банките и другите доверители и со дополнително инвестирање да овозможи натамошно работење на комбинатот, пренесе МИА.

Сегашниот сопственик на Фени индустри Кунико, има неисполнети обврска од 40 милиони евра кон трите банки, како и дополнителни 20 милиони евра кон останати доверители. Вработените минуваат низ вистинска голгота, а стапија и во штрајк.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This