БУГАРСКОТО ВМРО СОРАБОТУВА СО АЛБАНЦИТЕ: Идејата за заедничка граница меѓу Албанија и Бугарија ја најави Лавров – се докажува, а со помош на Заев и се остварува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да се оттргне од погрешниот пат кој преку своите сопственици и пратеници од ВМРО (Бугарско – незаконско), Софија мора да почне да размислува православно и балкански. На идниот балкан кој не може да настане на основа на војна туку на единство. Доколку се води од ефтини пароли, партиите и власта кои се водени наместо од Балканот од туѓа странска помош, историјата уште еднаш ќе биде немилосрдна кон нив (фашистичкото минато).

Последните години, поточно со влезот на бугарското ВМРО во Собранието на Бугарија, забележлива е засилена активност на оваа држава во воспоставување на цврсти врски со албанските структури во Бугарија, но и со самата Република Албанија. Главниот збор во оваа работа ја има Красимир Богданов, претседател на парламентарната група за бугарско-албанско пријателство во Собранието и Борис Вангелов, претседател на националната Агенција за Бугарите во дијаспора.

Првите контакти кои се финансиски и логистички поддржани од страна на Република Бугарија остварени се уште во 2013 година, за оваа година, по неколку состаноци и низа договори бугарското малцинство доби поголеми права во Албанија, што за последица имаше создавање на Друштво за бугарско – албанско пријателство кое е, доколку се согледаат целите на истото, усмерено против Србија но највеќе против Македонија во чија територија гледаат можност за меѓусебно ширење и конечно спојување преку евентуална заеднича граница (која секако сеуште не е прецизно утврдена).

Ваквата политика на лажното ВМРО кое низ целата историја на Бугарија го зборува она што официјалните влади во Софија најчесто не можеле ниту смееле, претставува продолжеток на оние политики кои се спроведуваат од 1912 година, кога Бугарија, повторно од сопствени интереси поддржа создавање на независна Албанија, односно од 1932 година, кога двете држави (кои се наоѓаат во заеднички табор во Втората светска воја), потпишале свечен Протокол со кој едни на други си ги признават малцинствата и ја дефинираат потребата за заедничка работа на “”остварувањето на правата на Албанците и Бугарите”” во Грција и тогашна Југославија што во пракса значело посегање п оние делови на две соседни држави кои “”етнички им припаѓаат””.

Колку се силни врските со Тирана значајни за Бугарија најдобро сведочи самиот Красимир Богданов, кој како прв човек на парламентарната група за пријателство со Албанија, истакнал дека Албанија е единствена балканска држава која “”никогаш не посегнала по бугарските етнички простори””, што доколку правилно се погледнат барањата од “”Призренската лига”” од 1878 година и се споредат со границите на Бугарската Егзархија не ни одговара со фактите. Богданов, како што пренесува интернет порталот на лажното бугарско ВМРО, во неколку наврати истакна и дека Бугарија од албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа која ја “”развил и обединил нацијата”” има што да научи, односно дека Бугарите и Албанците, низ бугарските царства, со векови биле дал од еден културен, верски и политички простор, како што вели Богданов, претставува најдобра стартна точка за идни пријателства.

Првиот крупен чекор на “”патот кон пријателството”” е направен на крајот на месец Септември 2013 година во Струга и Скопје каде група албански историчари од Македонија со помош на Бугарскиот културен клуб за кој многу со право тврдат дека претставува испостава на ВМРО во Македонија, организираа обележување на стогодишнината од бугарско-албанското дебарско-охридското востание, против српските окупатори во Вардарска Македонија.

Истиот месец, само две години подоцна, Богданов го водеше и официјалниот состанок на бугарските парламентарци заљубеници во Албанија и албанскиот пратеник во Софија Курете. Во таа прилига договорена е посета на бугарските парламентарци и функционери од Албанија, а упатен е и официјален повик албанските парламентарци да ја посетат Софија и Собранието.

Реализирајќи го договореното, два месеци подоцна, поточно од 14 до 16 октомври оваа година, претставниците на лажното бугарско ВМРО на чело со Борис Вангелов, првиот човек на Агенцијата за Бугари во странство ја посетија Албанија и учествуваа на промоцијата на книгата на Јордан Колев “”Мајка Бугарија и нејзините деца во светот”” чие објавување Агенцијата материјално ја помага и поддржува. На претставувањето на оваа книга во Тирана, како специјални гости се појавиле и професорот од Тиранскиот универзитет Лукан Тасе, како и амбасадорот на Бугарија во Црна Гора Младен Червењаков. Како што е истакнато во таа прилика, соработката на бугарскиот и албанскиот народ е од исклучително значење за нивниот опстанок и развој, а покрај Бугарија, Македонија, Албанија, Косово, во акцијата мора да се вклучат и Албанците и Бугарите од Србија и Црна Гора.

На почетокот на Декември, голема бугарска делегација ја посети Корча во Албанија и во таа прилика склопила договор за формирање и работа на Друштвото за албанско-бугарско пријателство, со што претходниот договор прерасна во своја полна афирмација. На чело на друштвото е Димитар Пандовски чиј татко бил соработник на фашистичка Албанија во Втората светска војна. Заменик претседател е Ервис Таљари, додека секретар е Јани Никола. Тие денови во Корча претстовјувале, во има не Бугарија и пратениците на лажното бугарско ВМРО Јулијан Ангелов и нормално Красимир Богданов. Ниту оваа случка не останала без официјална поддршка, па така специјални госити биле Димитар Арнаудов пратеник од Бугарија во Албанија, Борис Вангелов кој ја претставувал Агенцијата. За жал, како “”Посебно драг гостин”” е пречекана и Маринела Петреска од Битола, претседателка на Друштвото за македонско-бугарско пријателство.

Посебна благодарнсот гостите упатиле на албанската влада и претседателството кое ги исполнило ветувањата во поглед на бугарското малцинство, а оценето е дека Албанија во поглед на зачувување на малцинските права го достигнала “”стандардот на Европската Унија””.

За почетокот на 2016 година најавена е и возвратна посета на Софија.

Потешкотии во намерите на лажното бугарско ВМРО и албанскиет аспирации во правец на Македонија и Црна Гора, освен тоа што ја интегрираа определбата за заедничко делување, Софија и Тирана (односно нивните гласноговорници), не успеаа да направат ништо друго. Прашањето за разграничување за сега не се поставува, баш како што за тоа не разговараат ни претставниците на Албанија и Црна Гора која пред само неколку стотина години имаше намера да ги помести границите во правец на Скада, Пеќ и Призрен.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This