April 25, 2024, 10:17 pm

Бугapите ни работат зад гpб: Поддршка за Албанија да почне преговори со ЕУ, пpoтив за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновите информации од ЕУ и Португалското претседателство во врска со проширувањето покажуваат дека Бугарија започнала дипломатска офанзива со цел да ја изолира Макеоднија и да ја натера да попушти пред бугарските барања.

“Бугарија сега се залага Албанија да ја одржи сама првата Меѓувладина конференција (формален почеток на преговори за членство), за да се изолира Македонија се додека не го добие тоа што го сака од договорот за „пријателство“. Но, земјите кои се залагаат за проширување остануваат против раздвојување! Во меѓувреме, Португалија 🇵🇹 сака да има не 2, туку 4 мемувладини конференции во јуни, исто така со Србија и Црна Гора 🇲🇪 кои ја прифаќаат ревидираната # методологија. Толку мали шанси за Албанија 🇦🇱 пред априлските избори. Македонија 🇲🇰 останува блокирана, Србија 🇷🇸 и Црна Гора 🇲🇪 ќе напредуваат понатаму, кога документот на ЕК ќе биде подготвен …”, пишува Ернест Бунгури дописник на Еуроњуз за Албанија.

Повеќе земји членки на ЕУ како Италија и Грција инсистираат Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со ЕУ.

Во оваа група беше и Бугарија но по последните конфликт на релација Скопје-Софија владата на Борисов ја блокира Македонија а притиска за почеток на преговори за Албанија откако во оваа земја беше признато бугарско малцинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This