April 25, 2024, 11:20 am

Бугapите шokирани од предлогот на Вархеи: Еве што содржи предлогот од кој и се крена косата на 3axapиева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлозите на португалското претседателство за усвојување на рамката за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ се апсолутно неприфатливи за бугарската страна, бидејќи тие во суштина го враќаат разговорот скоро една година наназад и се во спротивност со основата на бугарската позиција што се рефлектира во одлуките на сите бугарски власти од сите бугарски политички партии, оценува БГНЕС прес посетатата на двајцата еврофункционери, Оливер Вархеи и Аугусто Сантош Силва на Бугарија денес.

Според медиумот, кој е на браникот на интересите на развластената влада на Бојко Борисов, предлозите во пракса подразбираат укинување на какви било гаранции за спроведување на можни договори, што е голем проблем во односите меѓу Македонија со Бугарија и ЕУ како целина.

-Тие веројатно нема да ја импресионираат бугарската страна, со оглед на невидената недоверба што се создаде во Софија во врска со вистинските намери на скопските политички елити, особено во светло на изјавите на најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ, дека ќе го осуди билатералниот договор со Бугарија штом дојде на власт, пишува БГНЕС.

БГНЕС тврди дека го има документот за кој треба да се дискутира и тој практично ги „префрла“ бугарските предлози во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација (ПСА), што е, сепак, процес каде не се носат оперативни одлуки.

За разлика од пристапните преговори, оценува медиумот, во рамките на ПСА на Бугарија е лишена од можноста да реагира доколку Македонија повторно не ги исполни своите обврски.

-Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват патоказ, чија имплементација мора да се следи во рамките на ПСА, но тоа е апсолутно козметички и неоперативно. Во текот на последните четири години, Македонија постојано креираше програмски документи, кои потоа демонстративно и арогантно не ги спроведуваше, тврди БГНЕС.

-Во исто време, треба да се забележи дека можноста за надгледување на спроведувањето на овој патоказ од страна на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) е во суштина необврзувачка можност да се разговара за ова прашање без инструменти на влијание. Тука треба да се нагласи дека самата РСМ учествува во ССА. Предлогот на португалското претседателство со Советот предвидува паралелни еднострани декларации од Бугарија и Македонија. Сепак, ова е целосно апсурдно бидејќи двете земји имаат билатерална ратификација и депониран Договор за соседство на ОН, потпишан на 2 август 2017 година. Откако посведочивме како властите во Скопје цели целосно и доследно не го спроведуваа овој договор веќе три години, кој ќе верува дека нов декларативен и правно необврзувачки документ ќе доведе до негова имплементација?- коментира БГНЕС.

Понатаму БНЕС известува дека документот од Португалија нуди на Македонија „да признае дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, но ова одамна е признаено од властите на Македонија .

-Спорот тука е за потеклото на овој „јазик“, а не за датумот на неговото кодифицирање и оваа клучна точка е изоставена во предлогот на Претседателството. Тој предвидува двете земји да дадат еднострани декларации за краткото и долгото име на Македонија . Тука мора да нагласиме дека трета година по ред, Македонија одбива да го стори тоа со вербална белешка до ОН и има за цел да ја ограничи својата изјава на ЕУ. Предлогот да се „потврди“ значењето на чл. 11 од Договорот преку еднострани декларации на кој било начин не ја обврзува Македонија да ја прекине својата политика за воспоставување во Бугарија т.н. „македонско малцинство“ и негово промовирање на меѓународно ниво.

Со декларацијата на Советот, потврдувајќи ги едностраните декларации на Бугарија и на Македонија , во пракса Советот става на исто ниво земја-членка (Бугарија) и земја кандидат (Македонија ). Фактот дека во предлогот се споменуваат и „црвените линии на РСМ“ може да се смета како апсолутен преседан. Никогаш порано во преговорите за членство земјите кандидати немале и не можат да имаат право на вето на рамката за преговори. Вклучувањето на „странски експерти“ во заедничката историска комисија е исто така необјасниво откако беше јавно одбиено од нашите претставници пред две години!

Од документот што се предлага станува јасно дека тој ги повторува предлозите што веќе ги отфрли Бугарија од страна на германското претседателство на крајот на минатата година. Не постои сомнеж дека бугарските власти ќе бидат доста претпазливи во однос на предлозите на португалското претседателство, коментира БГНЕС.

Поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, вели дека предлогот кој денеска во Софија ќе го донесат министерот за надворешни работи на Португалија Силва, и еврокомесарот Вархеји, а со кој би се одблокирал пристапниот процес за Македонија, не ја задоволува рамковната позиција на Бугарија.

Захариева на фејсбук коментира:

-Обидот за постигнување компромис е јавна тајна во Брисел и тој циркулира низ ходниците на Европската комисија и светот. Се запознав со него и си дозволам однапред да го коментирам. За жал, предлогот повторно не одговорана рамковната позиција на Бугарија, прифатена од владата и едногласно усвоена во парламентот бидејќи во него нема никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности. Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во скопје ќе престане? Јас овие гаранции не ги видов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This