Бугapcкиот мeгa-eтникyм ja нaпaѓa Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарска доктрина и стратегија против Македонија и Македонците(1)

“Македонизмот е престап против човештвото“
Божидар Димитров, бугарски министар, 2009-2011

Историјата е учителка на животот. Светлина на вистината. Спомен на предишните времиња. И живот на тој спомен. Бугарскиот државен естаблишмент со својата фашизоидна политика кон Македонија, сето ова го негира и сака да го поништи. Во 21от век заговара бришење на колективната и индивидуалната меморија(тотална национална амнезија на цел еден народ). Тоа е средновековна темнина и тоталитарен мрак. А животот без спомени за минати времиња и присеќавања на нашите предци во нив, не е живот. Тоа е живот без меморија и свест. Уште еднаш – тоа едноставно не е живот.

Големобугарската пропаганда против Македонија и Македонците се одвива цели 150 години. Од донесувањето на Уставот на бугарскиот револуционерен совет (1869г.), преку ‘’Бугарија во 21 век – Бугарска национална доктрина’’ (Национален центар за Бугарска национална стратегија, Софија, 1997г.), до ‘’Бугарската политика кон Македонија’’ (Фондација “Манфред вернер“, Софија, 2007г.), и се до денешната актуелна национал-шовинистичка политика на бугарскиот естаблишмент против Македонија и Македонците.

За сето тоа време носители на бугарската пропаганда кон Македонија биле и се: Бугарската Егзархија од 1872 година – Егзархистите; Врховистите и врховизмот; Бугарската историографија; и Званичната бугарска политика(мината, сегашна, а како стојат работите и идна).

Основните ставови на таа 150годишна големобугарска пропаганда се: Не постои македонски народ и македонска нација; Постојат ‘’македонски Бугари’’, или ‘’западни Бугари’’; Населението во Македонија е од бугарско потекло; Не постои никакво македонско малцинство во Бугарија; Не постои македонски јазик, туку дијалект на бугарскиот јазик кој се употребува во Македонија и Македонското национално прашање може да се реши само ако се усвојат бугарските ставови.

Овие ставови на великобугарската пропаганда се спроведуваат преку Стратегија на Бугарија во 21от век против Република Македонија, која има три основни анти-македонски тези: (1) Меѓународно непризнавање на постоењето на Македонскиот народ, нација и јазик и прифаќање дека се работи за бугарско население, според тоа и за бугарски карактер на државата Република Македонија, под девизата: “Една нација (бугарска) две држави“ (Бугарија и Република Македонија); (2) Со измена на Уставот и законите и погодности од секаков вид да се придобиваат што поголем број Македонци за бугарско државјанство и приопштување кон бугарската нација; и (3) Со организирана системска пропагандна дејност во Република Македонија, во соседните држави, насекаде каде што живее македонски народ и во други земји во светот на македонски национални заедници, да развива бугарско национално чувство, регенерирање на бугарштината, интегрирање во бугарската нација и создавање единствен бугарски духовен и културен простор. Сето ова најцрна пропаганда против се што е македонско(јазик, народ, нација, историја). Сурова, нехумана и нецивилизациска пропаганда против македонизмот.

Ете, сите овие документи и дејствија на бугарскиот државен естаблишмент се основата на Бугарскиот балкански мегаетникум. Неговиот опсег е од етно-романтизам во минатото, државно етно-насилство денес на крајот од втората декада на 21от век. А што всушност е бугарскиот(балкански) мега-етникум? Тоа е бугарски народ кој постои доктринерно(во наведените документи) и латентно(во главите на бугарскиот државен естаблишмент) и реално (во бугарската историографија и бугарската званична државна политика кон Македонија).

Токму поради овие блгарски валкани страсти на Б’лгарите како Каракачанов му одговара Заев да е Бугарин на кого мозокот му работи споро, па паметот му доаѓа следниот ден. Би додал, додека на Заев му дојде паметот, каракачановци, борисовци и останатата банда политици, како хиени ќе ја проголтаат Македонија. Затоа, сестри и браќа Македонци, да бидеме Македонци, а не Б’лгари. Да бидеме на штрек, како што не предупредуваше Петре М. Андреевски.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This