April 16, 2024, 10:25 pm

Бугapcкиот coветник за евpoпски политики го пoтвpди вeтoтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот советник за европски политики и координација Драган Тилев во Студио 10 се осврна на односите на Македонија со Бугарија и првата меѓувладина кнференција рече дека Владата е фокусирана за преговарачката рамка, зошто ги трансформира елементите на новата методологија. Новата методологија е една платформа усогласена од сите земји-членки и потврдена од Советот на ЕУ, но не е материјализирана во оперативен документ и првпат тоа се прави со нашата преговарачка рамка. Сите елементи од новата методологија детално се внесени во преговарачката рамка и таа ги утврдува условите под кои ќе бидеме примени во Европската Унија.

„Сите услови кога ќе бидат дефинирани и усогласени се отвара патотот за меѓувладина конференција со силен прецедавач како Германија. Од исклучителна важност се и билатералните скрининзи. Ќе има шест такви скрининзи и бара голем напор од нашата администрација да се презентира квалитетно за да се има добра преговарачка основа. Ако се одвива според планираното, првиот кластер фундаменти би може да се отвори кон крајот на наредната година.“ рече Тилев.

Тилев смета дека ако работите се одвиваат како што треба, тогаш во овој мандат има добри изгледи околку 80% од поглавјата да бидат отворени, како што истакнал и потпретседателот Димитров. Смета дека сега треба да ги следиме сите движења во регионот и во рамките на ЕУ, сега се преговара и за финансиската рамла за буџетот за наредната година.

Во однос на најавената блокада од Бугарија за Македонија, смета дека е реалност и секоја земја членка на ЕУ има право на блокада.

„Правно и политичка моќ Бугарија. Во ЕУ има позиции кои зависат од Бугарија и обратно. Нема поголем интерес за Бугарија илки за нас да воспоставиме таков однос во нашата комуникација која ќе обезбеди отскокнување во нашата билатерална соработка.“ рече Тилев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This