БУДИМПЕШТА: Претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер денеска испрати писмо со сочучство до Џафери поради неcpeќата кај Карпалак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер денеска испрати писмо со сочучство до претседателот на Собранието, Талат Џафери поради сообраќајната нecреќа на автопатот Скопје-Тетово, во која загинаа 14 лица, а 39 се повредени.

-Бев длабоко шокиран кога ја добив веста за автобуската нecреќа која се случи во северниот дел на Македонија во која имаше голем број жpтви. Господине претседателе, од името на сите членови на Парламентот на Унгарија Ве молам да го примите нашето искрено и најдлабоко сочувство за овој тажен настан кој одзеде многу човечки животи, се наведува во писмото на Ковер до Џафери.

-Ја споделуваме тагата со роднините и пријателите на жpтвите, додава тој.

Телеграма со слична содржина му испрати и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на неговиот колега, Никола Димитров.

-Изразувам длабоко coчувство до оние кои ги загубија блиските во сообраќајната несреќа. Нашите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства во овие тешки времиња и им посакуваме целосно и брзо закрепнување на повредените, се наведува во писмото на Сијарто

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This