БУКВАЛНО ЦЕЛ ПРИЛЕП НА УЛИЦА: Во 18 часот нема никој дома, цел Прилеп е на улица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втор ден масовни протести во Прилеп. Прилепчани гласни и исполнети со емоции и патриотизам и денеска маршираа против воведување на двојазичност и разнебитување на унитарноста на државата.

prilep-640x396

Градот херој најмногу ја почувствува загрозеноста на државата и државните интереси, патриотскиот жар можеше да се почувствува и да се види на секое лице. Забележително беше и тоа што, голем број граѓани кои важат за поддржувачи на СДСМ, беа присутни на протестот и покажаа дека се против политиката на Зоран Заев за прифаќање на така наречената “албанска платформа”, со која се погазува достоинството на македонскиот народ, пишува порталот Маркукуле.

dav
dav

Градот под “Maрковите Кули” и во минатото најмногу страдаше од погрешните политики, носени од претходните раководства на СДСМ, но овој пат прилепчани порачаа “Нема да ви помине”.

received_10210561072574515

Голем број видни граѓани, интелектуалци, актери, професори, пензионери, доктори, студенти, но и најмладите, средношколците, го кренаа гласот против двојазичноста на целата територија на Република Македонија.

Со прилепчани денес маршираше и актерот херој Владо Јованоски, чие присуство дополнително ги стопли и обедини срцата на присутните граѓани.

Актерот имаше емотивно обраќање пред прилепчани и дополнително ги разгоре емоциите .

“Во Прилеп, на прилепски”, порачаа 7000 граѓани, во градот каде бројот на граѓани Албанци е незначителен.
received_10210561064934324

Прилепчани се чувствуваат измамени и изманипулирани од лидерот на СДСМ Зоран Заев, граѓаните сакаат просперитетен Прилеп, Прилеп кој ќе продолжи да се гради и развива, град со нови фабрики, нови вработувања, Прилеп уреден и чист.

Тоа се приоритетите за подобар живот, порачаа прилепчани, кои најавија дека протестите продолжуваат и утре, со почеток од 18 часот пред хотел “Липа”.

17035150_10210561072294508_1315813958_n-2

11

2

5

131

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This