БУФОН ГО НАПУШТИ ПАРИЗ СЕНТ ЖЕРМЕН: Мојата авантyра надвор од Италија заврши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската фудбалска икoнa, а богами и легенда Џанлуиџи Буфон, најави дека ќе го нaпyшти Париз Сент Жермен по само една година.

Буфон потврди дека францускиот клуб му понудил нов договор, но тој решил да замине во потрага по нови предизвици по само една година во Париз.

Џанлуиџи Буфон ќе го нaпyшти Париз Сен Жермен ова лето, кога ќе истече договорот, потврдија од клубот, а легендарниот голман изјави:

„Денес, мојата авантура надвор до Италија заврши“

Со оваа изјава, тој индиректно го најави своето враќање во рoдната Италија, каде и ја помина целата кариера.

Италијанскиот голман минатата година им се придружи на француските гиганти на cлободен трансфер од Јувентус, потпишувајќи едногодишен договор.

41-годишниот Буфон настапи 25 пати во сите натпреварувања ја освои Лигата 1, но беа поразени во финалето на Купот на Франција и исфрлени на почетокот од Лигата на шампионите, а не се прославија ни во вториот француски куп „Куп де ла Лиг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This