БУЧКОВСКИ:Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ќе плати голема политичка цена за Законот за амнестија, смета поранешниот премиер од редовите на СДСМ, Владо Бучковски, кој синоќа гостуваше во вестите на Канал 5.

Според Бучковски законот со кој пред Нова година им овозможи ослободување од обвиненијата на петнаесетмина учесници во настаните од 27 април, ќе му пресуди на Заев.

Според професорот на Правниот факултет во Скопје, сега било поважно да се смени Уставот отколку да се почитува владеењето на правото.

-Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото, рече Бучковски на Канал 5.

Експремиерот рече дека во редовни ситуации ваквата законска амнестија бара подетална анализа и многу дебати на правни експерти, но вонредната ситуација барала побрзо делување во кое се прават и грешки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This