Бучковски: Нашиот тим интензивно се координира, се обидуваме да бидеме проактивни, да покажеме подготвеност од наша страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патоказот треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на  Договорот за соработка и пријателство, вели во изјава за ТВ Телма специјалниот пратеник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

-Во интензивна комуникација што ја правиме со Министерството за надворешни работи на Бугарија очекувањето од наша страна е да ги добиеме евентуалните забелешки и дополнителни предлози за акцискиот план. Значи, патоказот или патната карта, како што ја нарекуваат, треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на Договорот за соработка и пријателство. Мислам дека тоа би требало да го добиеме веќе после Нова година, што би било еден позитивен импулс дека ќе имаме нова, посериозна шанса би рекол пред парламентарните избори да видиме дали можеме да изнајдеме компромис за неколкуте отворени прашања, изјави Бучковски.

Нашиот тим, вели Бучковски, интензивно се координира, се обидуваме да бидеме проактивни, да покажеме подготвеност од наша страна и покрај разочарувањето дека нема откажување.

-Португалското претседателство е нова шанса. Пред изборите во Бугарија ќе се обидеме да ги дефинираме и убеден сум дека ќе ги дефинираме оние прашања кои се најприоритетни да ја вратиме довербата, изјави Бучковски за ТВ Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This