БУЧКОВСКИ: После овие избори, нема место за еуфорија во СДСМ, ОВА Е ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ ЗА ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова беше најизвесната трка, се покажа како добитна комбинација што владеачката партија се договори со владеачката ДУИ. Но, очигледно според резултатите и оние поддржувачи на Река, барем половината од нив имаат излезено на овие избори за Пендаровски.

Гледајќи ги резултатите, во мнозинството општини каде што доминатно е македонско гласачко тело, имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ.

И овој резултат од 370 илјади е одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и во најоптимистичките варијанти се предвидуваа 350 илјади гласови, бидејќи јасно беше дека има поголем резервоар на гласачи не само Албанци, туку и оние кои беа апстиненти во првиот круг за Пендаровски.

Не ме изненадува оваа разлика, ме изненадува одличниот резултат на Сиљановска Давкова. Би ме изненадило, ако со несоодветна изјава што уште не ја слушнавме од Мицкоски, би го упропастил овој капитал што го има.

Затоа што очигледно е дека после овие избори, нема место за еуфорија во СДСМ. СДСМ и она ветување што го даде Заев, ќе биде клучот дали ќе влезе како фаворит на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ дефинтивно после овие претседателски избори е компетитивен, повторно силен и ќе биде сериозна заkана за актуелната владеачка коалиција. Ќе треба да работат да најдат партнер кај нашите сограѓани албанци за промена на дел од политиките кои им создадоа во овој момент една комбинација која очигледно во стартот им нудеше да имаат само одличен резултат, а да не можат да победат, изјави екс лидерот на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This