April 19, 2024, 11:17 pm

БУЈАР ОСМАНИ И ДУИ НЕ ЈА ПРИЗНАВАЛЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Причина зошто ДУИ е во коалиција со СДСМ, а не со ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во емисија во регионалната тетовска телевизија Коха истакна дека тие не ја признаваат македонската химна.
bujar-osmani1-640x357

-Ние стануваме пред албанската химна во секоја ситуација. Ние не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница тука во Македонија како втора по големина, вели Османи.

Слична изјава пред извесно време во медиумите се појави и на Зијадин Села кој истакна дека никогаш не станува на македонската химна затоа што Албанците не гласале за неа.

-Никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната, одговори тогаш Села.

Османи досега неколку пати во телевизиски гостувања истакнаше дека Албанците не ја прифаќаат химната на Република Македонија и бараат нејзина промена. Тој посочуваше дека лидерот на СДСМ Зоран Заев во целост ја прифатил албанската платформа од Тирана и прифатил разговор за промена на знамето, химната и грбот. Османи рече дека СДСМ и Зоран Заев се согласиле за сите прашања од платформата за кои не треба промена на Уставот и двотретинско мнозинство. За прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и грбот се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This