БУЈАР ОСМАНИ ОДРАБОТИ ЗА АЛБАНИЈА: Албанија прогласена за „шампион“ во евроинтеграциите, на штета на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според извештајот на Европската Комисија, „шампион“ во евроинтеграциите во регионот е Албанија и се наоѓа пред Македонија, пишува Радио Слободна Европа чии дописниците од Брисел имале увид во документот што ќе биде објавен на 17 април во Стразбур.

Македонската опозиција веќе 10 дена обвинува дека вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи намерно го кочи реформскиот процес со цел Македонија да биде во ист пакет со Албанија.

Во најновиот извештај на ЕК јасно стои дека има сериозни забелешки и за Албанија и за Македонија, но Албанија е пред нас, пред се поради недоволната имплементација на рефросмкиот план 3-6-9, поради што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, обвинуваше дека Османи намерно го кочи процесот за да одработи за Албанија во договор со Министерот за надворешни работи на западниот сосед Димитар Бушати

-Реализацијата на планот 3-6-9 е само 42 проценти. Реализацијата на планот 3-6-9 е под Секретаријатот за европски прашања и го води вицепремиерот Бујар Османи. Сакам јавно да го прашам Османи дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија Бушати за намерно да се оспоруваат реформите во Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформите во Албанија да не е толку забележително и за Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот на реформи за евроинтеграции? И дали му е помило Македонија да е неуспешна за помалку успешна да е Албанија? – праша пред 10 дена Николовски во емисијата „Само вистина“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This