БУЈАР ОСМАНИ СО НОВ ИСПАД: Каракамишева не била достојна да ја претставува Македонија во Венецијанската комисија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремерот Бујар Османи ги демантира трвдењата на професорката Татјана Каракамишева дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.


Од Владата информираат дека е пристигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се содржани објаснувања на постапката за гласање во оваа меѓународната институција. Вицепремерот Бујар Османи, вели дека во писмото што го добил не се споменува било како притисок. Наспроти ова професорката Татјана Каракамишева, која е национален претставник во оваа меѓународна комисија на „Фејсбук“ напиша дека има сознанија дека до Владата е стигнато писмо од Венецијанската комисија во кое се вели дека, согласно правилата на оваа меѓународна институција, не е дозволен владин притисок врз националниот претставник.

Писмото е испратено од генералниот секретар на Комисијата, Томас Маркерт, и дека истото е адресирано до премиерот Зоран Заев и до вицепремиерот Бујар Османи.

Писмото што го добив само го објаснува начинот на кој Венецијанската комисија одлучува и воопшто не се споменува прашањето за било каков притисок. Но, мојот став е дека и покрај моето позитивно мисење за професорката Каракамишева како правник, нејзините последни шовинистички ставови ја прават недостојна за претставување на земјава во било која меѓународна институција, вели Османи.

Вицепремиерот Османи рече дека Законот за јазици не треба да се праќа на мислење во Венецијанската комисија се додека дел од ова тело е и професорката Каракамишева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This