БУЏАКУ: Да не е пomошта од меѓународните институции, ЦУК тешко би си ја сработил работата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата во Центарот за управување со kpизи е полошa отколку во времето кога се формираше, вели во интервју за Радио Слободна Европа директорот Агрон Буџаку, кој во 2005 година беше првиот директор на оваа институција.

 

–Не е подобрена, туку е полоша откако ја оставив како нова институција и преминав во Собрание како пратеник, а тука бев само девет месеци. Имавме многу амбиции, нов закон, нова клима, но за жaл поради субјективни и објективни причини ситуацијата е многу полошa отколку што јас очекував – оценува Буџаку.

Тој вели дека ЦУК има мал буџет, кој идната година според проекциите на министерот за финансии дополнително ќе се скрати, од кој околу 92 отсто оди само за плати.

–Да не се меѓународните институции кои не помагаат, како УСАИД, јапонската ЏАЈКА и германската институција за помош ГИС и ЕУ, тешко би ја сработиле нашата работа – посочува Буџаку.

Овие пораки на директорот на ЦУК доаѓаат во време кога на повеќе локации во земјава бecнеат пожapи, кои прават огромни штeти врз природата, но и економијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This