БУЏЕТОТ СЕ КРОИ ЗА ДА ОДГОВОРИ НА ПАРТИЗАЦИЈАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ: Ребалансот на буџетот не е развоен, туку во корист на партизацијата на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната дебата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска, истакна дека овој ребаланс не е развоен буџет, туку истиот е направен да одговори на желбата на СДСМ за целосна партизација на институциите.

-Основните параметри кои што кажав дека се двигатели за една успешна економија, вие напротив ги имате санкционирано и имате кратено од нив. Значи кои се основните параметри за тоа, требаше да ставите посебен акцент на стопанството и приватниот сектор преку капитални инвестиции, но за разлика од тоа вие кратите 78 милиони евра од капитални инвестции. Значи тоа говори за вашата несериозност, дека не сакате да има развој во идниот период, рече Затуроска.

Таа доде дека сите капитални проекти во градежништвото кои беа започнати изминатиот период со овој ребаланс на буџетот се стопираат.

-Не можете да кажете дека проектите од инфраструктурен карактер кои што се капитални, кои што носат бенефит во економијата, за развој на инфраструктурата за подобрување на животниот стандард, биле закочени заради одредени грешки во проектната документација, слушате ли вие што говорат претохдните колеги, тоа е тотално не знаење како еден инфраструктурен проект од капитално значење треба да ја помине фазата, значи вие немате капацитет тие инфраструктурни проекти да ги завршите, потенцираше таа.

Затуроска нагласи дека во буџетот ги нема застапено земјоделието, а странските инвестции постојано се критикувани од страна на СДСМ.

-Како се прави еден буџет, акцентот се става врз капиталните инвестиции затоа ви кажав не требаше да измислувате топла вода само требаше да видите како претходната гарнитура на чело со господинот Ставрески ги правеа ребалансите и секогаш тие ребаланси согласно параметрите кои што ги поставиле така и на крајот излегувале, но вие капиталните инвестици ги сведовте на нула, рече Затураска.

Затуроска истака дека овој ребаланс е правен на тој начин да одговори на основната желба на СДСМ за партизација на институциите.

-Овој буџет кој што вие го концепирате треба да одговори на основната желба за целосна партизација на институциите, тоа го имате пресликано во ребалансот на буџетот.Овој ребаланс не е развоен, напротив е дополнителна алатка во рацете на вашиот лидер за остварување на неговите планови кои што целиот овој период на некој начин им се закануваше на граѓаните кои што работат во администрацијата, дека ќе има бркање од чистачка до министер и дека тие истите ќе се заменат со партиски војници и тоа веќе го докажавте, додаде таа.

Таа истакна дека во буџетот има доплнителни 12 милиони денари за привремени вработувања во Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This