April 18, 2024, 12:37 pm

Бјути трик на принцезата Дајана: За блескава кожа, пробајте ја оваа генијална домашна маска за лице

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малкумина би кажале дека принцезата Дајана имала проблем со несовршена кожа, особено со розацеа – црвенило кое се појавува како последица на проширени капилари.

Но, всушност со една едноставна бјути рутина ја одржувала својата кожа, а токму таа рутина ја открила нејзината козметичарка и пријателка Мери Гринвел.

Принцезата Дајана во сеќавањата на многумина важи за една од најголемите природни убавици, но дури и таа водела битка со несовршената кожа.

Сепак, нејзината кожа секогаш делувала совршена, хидрирана и без видливи дамки.

Благодарение на нејзината козметичарка и пријателка Мери, сега знаеме како Дајана го постигнувала тој ефект.

Наместо скапи третмани или производи, Лејди Ди користела едноставни и достапни препарати како масло од ружи и домашни маски за лице од авокадо.

Но, тајната на нејзината совршена кожа била една достапна бјути рутина.

Гринвел открила како Дајана ја правела таа рутина за чистење на лицете, тонирање и хидратација на кожата и тоа двапати дневно.

„Дајана беше многу разумна кога станува збор за кожата. Секогаш се грижеше да ја отстрани шминката на крајот од денот и да има чисто лице пред да нанесе шминка на него“, раскажала Гринвел.

„Откако почнав да работам со неа, Дајана почна сè да прави умерено. Го намали внесот на алкохол кој што често ги поттикнуваше црвените дамки на кожата“, изјавила Гринвел.
Едноставна маска за кожа од авокадо која што ја користела принцезата:

Состојки:

– 1/2 зрело авокадо;

– 2 лажици топла вода;

– 1 лажица мед.

Подготовка:

Со виљушка згмечете го авокадото. Медот растопете го во топлата вода, а потоа додадете ја смесата во авокадото и измешајте.

Маската нанесете ја на лицето со прсти или пак четка. Оставете да делува 10 минути, па измијте го лицето со млака вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This