Бajден клekна пред шефицата на кабинетот на израелскиот претседател кога слушна дека има 12 деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин. Тој клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца.

На изненадување на Ривлин, Бајден, кој е татко на четири деца, клекна и ја наведна главата за да изрази почит.

Моментот го фотографираше член на прес-одделот на Владата на Израел, пренесуваат израелските медиуми.

Ривлин на прошталната средба со Бајден, бидејќи неговата посета на САД беше последна на функцијата претседател на државата, рече дека Ривка Равиќ (45), кој со години му е клучен советник, покрај одговорната работа, се грижи и за толку големо домаќинство.

Таа беше со Ривлин и додека тој беше пратеник на Ликуд, министер за комуникации и претседател на Кнесетот.

Ривлин (81) следната недела ќе биде заменет од страна на поранешниот пратеник и министер Јицак Херцог (60), син на поранешниот шеф на државата Хаим Херцог и поранешен шеф на невладината организација „Еврејска агенција за Израел“, која ги поврзуваше Евреите низ целиот свет од 1929 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This