March 29, 2024, 10:16 am

Бapaaт зaштитa oд CAД: Гoлeм бpoj aвгaниcтaнски нoвинapи ce пoд зakaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) изрази загриженост за безбедноста на медиумските работници и упати апел до САД да гарантираат нивна заштита.

– САД имаат посебна одговорност кон авганистанските новинари, кои известуваа во живо за случувањата во нивната земја. Администрацијата на Џо Бајден може и треба да стори сé што е во нејзина моќ за да ја заштити слободата на медиумите и да се залага за правата на авганистански новинари, фотографи и медиумските работници, изјави извршниот директор на Џоел Симон.

ЦПЈ апелира до САД да обезбедат полесно добивање виза за авганистанските новинари, за да можат да заминат од Авганистан. Според Комитетот 45 новинари се под закана од талибанците, а поголемиот број од нив се новинарки. Додека 127 медиумски работници се под значителен ризик, како и 119 новинари кои биле поврзани со американските медиуми. ЦПЈ добила 475 барања за помош.

Откако талибанците го освоија Кабул, Националното радио на Авганистан и државната телевизија прекинаа да емитуваат програма во живо, а вработените се испратени дома. Обезбедувањето на телевизиите Шамшад и ТОЛО њуз било разоружано, а ТОЛО њуз веќе не емитува програма. Талибанците ветија дека ќе гарантираат безбедност на телевизиите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This