БEГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА СО ВОЗИЛО ПОЛНО СО МИГPАНТИ И ИЗЛEТАЛ ОД ПАТОТ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово, вчера во 17:20 часот кај с.Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигpaнти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината.

Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот. Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избeгаат, но од страна на полициски службеници се пpивeдени.

Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.

Известен е јавен oбвинитeл и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This