Бeз cтpyja yтpe пoвeќe дeлoви од Cкoпje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Сопиште и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8:15 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.1 во Општина Гази Баба, во делот од училиштето до обиколницата. Од 12 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Штросмаерова“ во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел корисниците од улицата „Рељо Шестокрило“, како и од улицата „Брегалничка“ во Општина Шуто Оризари. Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од сите стопански и нестопански субјекти од село Држилово, село Патишка Река, како и репетиторите на Карст Јаболци и ПЦЦ Хидро во Општина Сопиште.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Огражден“ зграда бр.97, „Никола Русински“ зграда бр.4, „Карпошо Востание“ зграда бр.8, бараките на бивша Општина Карпош, како и градинката Орце Николов, Општина Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This