Бeлгиja гo вклyчи цpвeниoт aлapм вo oвoj гpaд: Дoaѓa пocтpaшeн бpaн нa кopoнaвиpyc, cтaпкaта нa зapaзeни e пoвиcoка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствените работници во градот Лиеж, на југот на Белгија, го вклучуваат алармот и стравуваат од нов бран, пострашен од претходните, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во најголемата болница во градот предупредуваат дека иако за сега има доволно слободни кревети на интензивна нега како и во редовните ковид одделенија, бројките покажуваат загрижувачки тренд.

Според докторот Филип Девос, шеф на интензивна нега во болницата во Лиеж, стапката на заразени на 100 илјади жители во градот е повисока одошто беше за време на третиот бран и иста како и за време на првиот бран, еден од најсмртоносните во Европа.

Во последните две недели констатирани се сто контаминации на сто илјади жители, а стапката на вакцинирани во градот е далеку под националниот просек во Белгија.

-Вакцината функционира само за вакцинираните, изјави докторот Девос за јавниот сервис РТБФ.

Тој алармира дека за разлика од северот на земјата каде 95 отсто од лицата над 65 годишна возраст се вакцинирани, во неговиот град оваа бројка изнесува само 87 отсто.

-Доколку останатите 13 отсто, кои немаат никаква заштита од вирусот, пристигнат на интензивна нега, ќе имаме сатурација, вели докторот кој стравува од ново катастрофално сценарио како за време на првите бранови кога немаше вакцина.

Белгија е силно поделена на север и југ, додека жителите на северот се вакцинирани во огромно мнозинство, на југот на земјата и во главниот град Брисел, бројките не се задоволителни. Докторот бара од Институтот за јавно здравје да спроведе детаљна анализа за причините за овие разлики бидејќи ги има податоците.

Тој констатира дека улогата на матичните лекари е клучна и дека оние пациенти општините каде има помалку матични лекари се и општини со пониска стапка на вакцинација. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This