Бeлaтa кyќa дoби coмнитeлeн пaкeт од Канада: Пpaткaтa co oтpoвoт pицин aдpecиpaнa дo Трамп?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пакет кој содржи потенцијално фатален отров рицин е испратен до Белата куќа, објавија во саботата Си-ен-ен и Њујорк тајмс. Си-Ен-Ен тврди дека пакетот бил адресиран до претседателот Доналд Трамп, додека Њујорк тајмс пишува дека тој бил испратен од Канада.

Пакетот беше забележан во владиниот центар за дистрибуција на пошта пред да пристигне во Белата куќа, објавија медиумите. Американската тајна служба, телото што ги штити највисоките функционери, спроведува истрага и проверува други заштитени лица за да открие дали можеби се испратени повеќе пакети на други адреси, пренесува Си-ен-ен. Белата куќа сè уште не ги коментирала извештаите во медиумите.

Запрашан за тие извештаи, ФБИ рече дека тој, заедно со „американската тајна служба и службата за поштенска истрага, истражуваат сомнително писмо добиено во владиниот поштенски центар“. Американската полиција се сомнева дека една жена испратила пакет со отров рицин до американскиот претседател Доналд Трамп. Пратката, која ја содржи оваа смртоносна материја, пристигна и на адресите на федералните канцеларии во Тексас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This