Бoлнитe и изнeмоштeни за гласање на изборите ќе се пријавуваат од утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почнува пријавувањето на болните и изнемоштените лица, кои можат да го искористат своето право на глас на 14 јули односно ден пред изборите. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, изјави дека пријавувањето во просториите на ОИК-Штип почнува од утре (1 јули). Имаат дежурни членови кои ќе ги примаат пријавите. Доставената документација членовите ќе ја разгледуваат заедно со лекари специјалисти.

Правилникот од лани, кој излезе во Службен весник, како и полани и на секој избирачки процес важи, и во него се наведува кои луѓе можат да гласат дома, Но, сите оние кои се во самоизолација, изолација или имаат дијагноза Ковид-19 преку полномошник и со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, нека не информираат за да можеме да направиме една табела и тоа да го доставиме до ДИК, рече Андреева.

Таа посочи дека на 8 јули ќе имаат и дежурство до полноќ, за да можат да се пријават болните и изнемоштените лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This