Бomба на германски експерт: Каква Бугарија, еве кој го блокиpa пpoширувањето на Европската Унија, се врши пpитиcoк и врз други земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот експерт за Западен Балкан, Бодо Вебер, го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за застојот на ЕУ во интеграцијата на балканските земји, пренесува Економија онлајн.

„Постојат сериозни несогласувања меѓу земјите -членки за иднината на проширувањето. Францускиот претседател Макрон е сериозно против понатамошното проширување на Европската унија, но тоа не го кажува гласно. Дури влијае врз другите земји да го блокираат понатамошното проширување на ЕУ “, рече Вебер за РТВ Дукаѓини.

Тој додаде дека позицијата на Макрон по прашањето за проширувањето на ЕУ ќе биде предизвик и за германската влада.

„Новата германска влада ќе има тежок предизвик со Макрон, бидејќи ако не се постигне договор со Париз за деблокирање на проширувањето на ЕУ со Албанија и Македонија, ќе има мораториум за проширување до следната година“, рече Вебер.

Според него, Макрон е виновен што Косово не доби визна либерализација, но и дека Косово беше жртва на бегалската криза во 2015 и 2016 година, пренесува Косово.

На Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, Европската Унија уште еднаш одби да определи датум за проширување на Западен Балкан, но во соопштението објавено по самитот се вели дека проширувањето ќе се случи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This