March 29, 2024, 12:55 pm

БOMБA НА ЗАЕВ ЗА ЕУРОЊУЗ: Преспанскиoт договор ќе биде стопиpaн ако Македонија нe дoбиe датум за преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбивањето на Европа Македонија да добие датум за преговори го загрозува Преспанскиот Договор, предупредува Зоран Заев во интервју за Еуроњуз.

-Постои конекција помеѓу имплементарцијата на Договорот и отворањето и затворањето на преговорите со ЕУ. Особено за внатрешна употреба во некој од случаите. Постои конекција бидејќи постигнавме договор со нашите грчки пријатели за да имаме иднина во Европската Унија. Имајќи го ова во предвид, Договорот од Преспа не е изводлив. Делови од него ќе останат замрзнати бидејќи не може да се имплементираат. Ќе имплементираме некои делови, но двете работи се меѓусебно поврзани, бидејќи процесот на преговори значи дека предаваме дел од нашиот национален суверенитет на Европската Унија, вели Заев.

Европската перспектива е едиствена за нашата држава и Западниот Балкан бидејќи поинаков развој на настаните ќе биде непријатен за регионот и за цела Европа, додадава тој.

Заев потенцира дека „Ако се изгаснат ѕвездичките на европското знаме, тогаш тука ќе има темнина, и во темнината ќе се загубиме самите себе си. Тука има плодна почва за радикализација, за враќање на национализмот, ова ќе биде од голема штета за Балканот. А ако Балканот има проблем и Европа ќе има проблем.

 

Линк од веста на Ифимерида.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This