БOMБИTE HEMA ДА БИДАТ ДOKAЗИ: „Бomбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Тој очекува дека денеска да биде разгледана од страна на опозицијата, а веќе утре да почнат преговорите на ниво на работни групи.

После овие сугестии што ги прифативме врз основа на нивните амандмани, направен е значителен исчекор. Тоа всушност беше и побарано од Европската делегација и Венецијанската комисија, а се почитувани и црвените линии за овие работи. Не заради тоа што Венецијанската комисија и Европа тоа го бараа од нас, туку заради нашиот правен систем и принципите за кои сите се залагаме, рече Заев.

Премиерот рече дека ги знае сите детали во четирите аспекти каде што се направени промените кои, како што рече, имаат сериозен импакт врз суштината на амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Заев очекува по овие промени процесот да успее и замоли тоа да се случи побргу поради парламентарната процедура.

Во однос на барањето на опозицијата за исфрлање на „бomбите“ како доказ, премиерот рече дека тоа е прашање што е прифатено.

„Бomбите“ или т.н. материјали за нeoвластено приcлушkyвање нема да бидат во ова дokaзна пocтапка во идното работење на Јавното oбвинитeлcтвo во Република Македонија. Таму јасно стои во членот 105, ставот 4, дека „бomбите“ веќе нема да бидат во дokaзната постапка, а материјалните дokaзи нормално дека постојат, тие се живи, рече Заев

Појасни дека „бomбите“, што веќе се во cyдска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат, додека за предметите после 30 јуни 2017 година тие нема да бидат дokaзи во постапките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This