Бomбaшки нaпaд вpз кoнвoj нa кинecкaтa aмбacaдa вo Пaкиcтaн – нajмaлкy двe дeцa зaгинaa, нeкoлкy лицa ce пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку две деца загинаа, а неколку лица се повредени во напад на бомбаш-самоубиец врз конвој возила на кинеската амбасада во Пакистан.

Меѓу повредените е и член на персоналот на кинеската амбасада, како и неколку други локални жители, објави денеска „Ројтерс“.

„Кинеската амбасада во Пакистан остро го осудува овој терористички акт и изразува сочувство до семејствата на невините жртви“, се вели во соопштението.

Нападот се случил вчера во пристаништето Гвадар во регионот Балохистан, соопшти амбасадата. Како што се наведува, повредените се префрлени на лекување во болницата во Гвадар.

Кинеската амбасада ги повика пакистанските власти да спроведат детална истрага за инцидентот и најстрого да ги казнат луѓето што стојат зад нападот.

Ова не е прв напад врз Кинезите во Пакистан, во јули бомбаш -самоубиец нападна автобус што ги превезуваше работниците до градилиште во северен Пакистан, кога загинаа 13 лица, од кои деветмина беа кинески државјани, потсетува „Ројтерс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This