БOPБА ЗА ПOБЕДА ИЛИ БOPБА ЗА ЦЕНЗУС? Регионалните медиуми пишуваа за денешните избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателски избори во Македонија: Борбa за пoбедa или за цензyс?“ е насловот под кој српскиот весник „Вечерње новости“ информира за претседателските избори во земјава. Весникот посочува дека посебност на овие избори е што по првпат најголемата македонска и најголемата албанска партија настапуваат со заеднички, т.н. консензуален кандидат. „Меѓутоа, нема да биде тоа само бopба за местото шеф на државата, туку и за достигнување на изборниот цензус, бидејќи според зaконот, изборите ќе бидат валидни само ако на избирачките места излезат повеќе од 40 отсто од впишаните во Избирачкиот список“, наведнува весникот.

Српската Б92 информира за изборниот ден, повремено објавувајќи информации за излезноста.

Спутник Србија, под насловот: „Нов референдум во Македонија – сите изненадувања се можни“, информира за претседателските избори во земјава. „Голем број аналитичари на овие претседателски избори гледаат како на своевиден референдум за работата на владата во последните две години, па изборот за претседател всушност ќе претставува позитивна или нeгативна оценка за досегашниот премиерски мандат на Зоран Заев“, се посочува во текстот на Спутник Србија.

„Албанските гласови клучни за вториот круг“, е насловот на „Политика“ на написот за изборите. Во него се претставени тројцата кандидати и се истакнува улогата на албанските гласови на вториот круг, до кој, според аналитичарите цитирани во текстот, најверојатно ќе дојде.

Со истакнување на високиот цензус за валидност на изборите информира и српски „Блиц“, Танјуг известува за достигнатиот цензус и дава кусо претставување на кандидатите. Српската новинска агенција „Бета“ посочува дека граѓаните гласаат за нов претседател на државата, но тоа изгледа ќе биде избор меѓу нeзадоволството од промената на името на државата и влезот во евроатлантските интеграции.

„Изборното ливче на претседателските избори во Северна Македонија е едно од најкусите во регионот: на него има само три имиња: кандидатот на вледејачката коалиција Стево Пендаровски, кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и кандидатот поддржан од албанската опозиција Блерим Река“, информира Би-Би-Си српска редакција.

„Шестите по ред претседателски избори, според проценките, би требало да бидат мерење на поддршката за власта и опозицијата по промената на името на државата и референдумот на кој не беше постигнат цензус“, пишува Ал Џезира Балкан.

Бугарски „Труд“ информира за текот на изборниот ден, посочувајќи дека излезноста до 15 часот била 30 отсто, оценувајќи ја како „слаба“.

„Граѓаните на Северна Македонија гласаат за нов претседател на земјата. Кандидатите во неодамна преименуваната земја се тројца. Учеството на кандидатот на албанските партии БЕСА и Алијанса за Албанците – Блерим Река“, пишува бугарскиот портал БТВ новините.

Бугарската новинска агенција БТА посочува дека иако претседателската функција е речиси церемонијална, сепак изборите се сметаат за тест на Владата по длабоката поларизација по Договорот за промена на името со цел ставање крај на повеќедеценискиот спор со Грција.

Грчкиот весник „Катимерини“ известува за претседателските избори, посочувајќи дека тројца универзитетски професори се борат за функцијата. Весникот, исто така, посолува дека е неопходно кандидатот да добие 50 отсто од гласовите плус еден за да биде избран во првиот круг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This