Бopбa пpoтив oргaнизиpaниoт кpиминaл и кopупцијa ќе има

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Борба против организираниот криминал и корупција ќе има. Нема да се толерира партиско-политичко-криминалната мрежа создавана овие три години. Само добро мотивирани професионалци ќе може да стават крај и на оние што со смеа најавуваат палење на возила и на оние кои даваат зелено светло за тоа. Вице и компанија веќе нема да може да си предлагаат партиски кадри во безбедносните служби и во полицијата, напиша на Фејсбук, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Агенцијата за Национална Безбедност постојано ги крши законите. Сведоци сме на низа афери уште од самиот старт на нејзиното осамостојување. По објавениот скандал за сомнителната посредничка улога на АНБ во следењето на комуникациите, продолжуваат да пристигнуваат нови информации за контроверзната и незаконска работа на Агенцијата. Според добиените информации, периодов во АНБ се вработуваат истакнати активисти на СДСМ. Овој пат новите “професионалци” доаѓаат од оштинската организација на СДСМ од Кичево. Секако, добро поучени од нечија страна, тие темелно ги “исчистиле” партиските профили, но за волја на вистината, нивните политички активности сеуште се актуелни на интернет. Имено се работи за лицата Даниел Ѓурчиноски, Бојан Јованоски и Златко Митрејчески, кои се добро познати активисти на СДСМ. Воедно, за Златко Митрејчески може да се истакне и дека е брат на Елена Митрејческа, секретар на општинската организација на СДСМ во Кичево. Вработувањето на партиски активисти во новата безбедносна служба не само што е спротивно на заложбите на сите меѓународни безбедносни фактори, туку е и спротивно на професионалниот морал и етика, а најважно, спротивно на законот!

Затоа ВМРО ДПМНЕ предлага сериозни реформи и професионализација на безбедносните служби.

По 15 јули ќе си одговараат сите кои загазиле во криминал !

На Македонија и треба обнова и ќе добие обнова !

Борба против организираниот криминал и корупција ќе има.Нема да се толерира партиско-политичко-криминалната мрежа…

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Sunday, July 5, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This