March 28, 2024, 11:53 am

Бpисел се отkaжа: Heма преговори со ЕУ годинава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според дипломатите во Брисел, се очекува многу брзо нова иницијатива на германското претседателство, во наредните денови, за да се приближат позициите на Скопје и на Софија со надеж дека ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција пред крајот на германското претседавање со ЕУ, но надежите се мали.

Дипломати од земји членки за МИА велат дека бугарската позиција е „многу тврда“ и не се исклучува прашањето да биде одложено за по изборите во Бугарија, што треба да се одржат во март идната година.

Со став за македонско-бугарскиот спор излезе и Европската комисија, потсетуваат дека условите за членство во ЕУ се јасни.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

По изјавата на Захариева дека “славењето на Тито“ е некомпатибилно со ЕУ, Писонеро порача дека Комисијата „не коментира коментари“, но додаде дека „условите за зачленување во ЕУ се прилично јасни“.

Најавената блокада од Бугарија на утрешниот министерски состанок на кој треба да се усвои преговарачката рамка на ЕУ со Македонија не ја обесхрабрува Европската комисија.

– Нашиот став е јасен, Европската комисија се залага првата меѓувладина конференција да се одржи што е можно поскоро, за ова да се случи сите се свесни дека е потребен договор во Советот (земјите членки – н.з.), невозможно е да се предвиди, но јасно е дека ги охрабруваме двете страни да ги засилат напорите за изнаоѓање решение, изјави портпаролката на денешниот редовен брифинг на Еврокомисијата.
Таа потврди дека Комисијата останува во контакт со германското претседателство чија цел е преговорите со Македонија да започнат до крајот на оваа година, додека во исот време Комисијата продолжува да контактира и со Скопје и со Софија.

Што се однесува до барањето на Бугарија да се додаде поглавје во преговорите со Македонија во кое би се вклучиле бугарските барања, Писонеро не сакаше да коментира.

– Не ги коментираме индивидуалните ставови на земјите членки, потребен ни е договор за текстот од сите земји членки, Комисијата го поднесе својот предлог во јули и тој ќе биде објавен само откако ќе има договор во Советот, изјави Писонеро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This