Бpитaнцитe пpeд eпoхaлнo oткpитиe вo бopбaтa пpoтив кopoнaтa: Почнаа дa пpoизвeдyвaaт aнтитeлa во лaбopaтoриja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тестирањето на новиот третман базиран на антитела за Ковид-19 наскоро ќе започне во британските болници, пишува Би-Би-Си.

Околу две илјади луѓе ќе добијат моноклонски антитела, многу моќни антитела произведени во лабораторија, за да се види дали се ефикасни против болеста.

Ова е дел од поширока програма, т.н. „обид за закрепнување“, во рамките на која веќе е откриено дека еден ефтин стероид наречен дексаметазон може да спаси многу животи.

Во следните недели, првите пациенти ќе го добијат новиот лек.

Професорот Мартин Ландреј од Универзитетот во Оксфорд и еден од водачите на целата програма вели: Постојат многу причини зошто веруваме дека овој третман може да биде успешен, бидејќи спречува репродукција на вирусот, спречува да настанат оштетување од вирусот и ги подобрува шансите за закрепнување на пациентот.

Антителата може да се наречат и „воини“ на имунолошкиот систем.

Кога коронавирусот го инфицира телото, антителата се закачуваат на шилците на вирусот, спречувајќи вирусот да влезе во клетките. Но, нашите тела произведуваат многу видови антитела. Најсилните се нарекуваат неутрализирачки антитела.

Научниците внимателно ги проучуваат антителата за да утврдат кои се најефикасни против вирусот. Избраните антитела потоа се размножуваат во лабораторија и се произведуваат во големи количини. Произведените антитела се даваат на пациенти што стимулира одговор на нивниот имунолошки систем.

Во експериментот ќе се користи мешавина од две моноклонални антитела произведени од американската биотехнолошка компанија „Регенерон“.

Регенерон веќе произведе моноклонални антитела за лекување на ебола.

Леа Липсич, потпретседател на компанијата, вели: „Мислам дека одличниот резултат во случајот со еболата може да послужи како отскочна даска за ново еднакво ефикасно средтство кога станува збор за Ковид-19“.

Во следните неколку недели, пациентите ќе започнат да примаат терапија, а резултатите ќе бидат споредувани со оние на другите пациенти кои не добивале антитела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This