Бpнабиќ не лaжeлa: Maкедонија дури вчepa го ycвоила Националниот план за имyнизациja од Koвид 19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири дена откако министерот за здравство Филипче најави дека Македонскиот здравствен систем е подготвен за вакцинација и за вакцините од Србија премиерка Брнабиќ објасни дека македонските власти не ја завршиле домашната задача за да ги примат и искористат брзо вакцините.

Во интервју за „Happy Tv“, српската премиерка Ана Брнабиќ откри дека вакцината на Фајзер не е регистрирана во Македонија и дека тие во моментот помагаат за да се регистрира.

“Ние имаме договор, премиерот на Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа. Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 вакцини. Помагаме вакцината на Фајзер да се регистрира во Македонија, работиме со нив. Проблем може да биде тоа што тие добија вакцина од Фајзер, но се уште не е регистрирана. Не е поентата само да се купи вакцината, постојат уште многу работи како регистрација од страна на релевантна агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји која има адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцина, се е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји каде што кажуваат дека немаат претстава како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, кажа Брнабиќ која практично откри дека македонските власти се целосно неподготвени за прием и користење на вакцината на компанијата Фајзер а веројатно и за другите вакцини.

На синоќешната седница Владата донесе одлука вакцинацијата да се спроведува во три фази. Во секоја од нив ќе бидат опфатени различни категории граѓани согласно првичните количини на достапни вакцини, предност ќе имаат ранливите категории.

Според здравствените власти за процесот на имунизација е доволна постоечката здравствена инфраструктура и стручниот кадар кој работи на тоа поле. Во моментот кога ќе стигнат поголем број на вакцини, планирано е да се вклучат и повеќе вакцинални тимови, а ќе бидат и отворени повеќе пунктови. Системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата.

-Според планот,ќе се вакцинираме со вакцината на Фајзер а процесот ќе се одвива во наведените три фази од почетокот на февруари,вели Муамет Хоџа портпарол на Владата .

Во февруари се очекуваат најпрво најавените 8.000 фазерови вакцини од Србија, а подоцна во месецот и директно договорените со прозиводителот 5,850 дози. Овие вакцини, според планот ќе бидат искористени за вработените во ковид центрите..

За брза масовна вакцинација надежта сега е во кинеските 200.000 вакцини за кои повеќе детали се очекуваат до крајот на неделата..

И додека се вакцинираме, единствено миењето раце и носење маски се делотворни против ширење на заразата, потсетува д-р Џихан Тавилах, претставник на СЗО во Македонија во интервју за МИА. Зголемената циркулација на вирусотверојатно ќе резултира со повеќе мутации, а некои од нив може да имаат различни импликации. Затоа е важно луѓето да се вакцинираат кога вакцината ќе стане достапна, вели д-р Тавилах.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This