БPУKA НЕВИДЕНА: Сонцето од „Кутлеш“ ќе се отстpaнува од јавниот простор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знамето со ѕвездата од Вергина ќе биде тргнато од јавните институции во Македонија, ако е некаде истакнато како национален симбол, ако е дел од натписите или доколку го има на некој од спомениците, објави Канал 5.


Ова го пропишува динамиката за реализација на обврските од Договорот од Преспа. Според неа, јасно е наведено дека по шест месеци од стапувањето во сила на договорот, кој рок е точно денеска, сонцето од Кутлеш треба да биде тргнато. Друга обврска која коинцидира со оваа е на спомениците што упатуваат на хеленската античка историја и цивилизација, да бидат ставени плочки со информации дека се од тој период. Во членот осум од договорот стои:

– Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба. Е наведено во членот осум став три од Преспанскиот договор.

Инаку во однос на симболот на поранешното знаме со сонцето од Кутлеш, државата има преземено обврска уште во 1995 година со Привремената спогодба која обврска значи дека нема да го употребува симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции, потсетуваат од Владата.

Во Преспанскиот договор, со членот 8 став 2 се вели дека:

„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката хеленската историја и цивилизација , што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“.

Меѓу првите кои треба да преземат чекори е Општина Македонска Каменица чиј грб го содржи сонцето од Кутлеш, исто како и Општина Могила. Не е јасно дали според овие одредби ќе треба да се преправи и плоштадот во Виница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This