БPУKA HEBИДЕНА: Македонски министер користи слушалки за превод од македонски јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го зборува и го разбира македонскиот јазик?

Прашањето го наметна денешната прес-конференција во Владата за субвенции за клима инвертери, на која Нуредини користеше слушалки за превод на обраќањата на премиерот Зоран Заев, на вицепремиерот Кочо Анѓушев и на својот заменик Јани Макрадули.

Самиот, пак, на албански ги повика граѓаните активно да учествуваат во реализацијата на мерките за намалување на загадувањето на воздухот, а колегите од Владата употребија слушалки за превод.

Во биографијата на Нуредини стои дека е роден во Тетово, каде што завршил основно образование, а потоа се школувал во Австрија, чие државјанство има, како и во Германија, и во Велика Британија. Работел во Лондон и во Виена. Течно зборува албански, англиски и германски, зборува и српски, а не е наведено како стои со македонскиот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This