БPУKA HEBИДЕНА: Пpoпусти во изведбата ја стопирaa изградбата на базенот во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пропусти во изведувањето на градежните работи,ја стопираа изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид. Капиталниот објект вреден 5 милиони евра, започна да се гради пред 4 години,а требаше да биде готов до средината на 2018-та година.Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт сега вели дека работитите ќе финиширале најдоцна до 31.12.-ама не оваа, туку наредната 2020-та година. Го прашаваме дали за вака сериозен пропуст некој ќе понесе одговорност?

„Реалниот проблем е тоа што непревидено се влезе под нивото на езерото и голем дел од водата влегуваше во темелите на самиот базен. Во текот на изведба можат да се случат некои непредвидени работи кои можеби ќе ја отежнат работата и сето тоа е предвидено со закон“ – рече Дарко Каевски-Агенција за млади и спорт. Каевски уверуваше дека деновиве ќе завршеле надворешните градежни работи на базенот.

На локацијата на која одамна требаше да биде изграден базенот има повеќе кучиња отколку работници.Како што може да се види секојдневно на објектот има само 5-6 луѓе.

Со вакво темпо на терен, дискутабилно е дали за една година ќе се изгради целиот комплекс во кој според проектот треба да има 2 базени,фитнес клуб, спа и велнес центар,игротека, продавница за спортска опрема,кафетерија, комерцијален и административен простор.

Од друга страна, градоначалникот Георгиески отворено кажува дека општината нема пари да го одржува затворениот пливачки базен.

„Со добивањето на затворениот базен тој што се гради сега таму,ние како општина ќе добиеме само уште една главоболка и многу е дискутабилно како тоа сето ќе се одржува.Огромни се сретствата за месечно одржување на таков објект“ – рече охридскиот градоначалник.

И додека Георгиески се жали дека одржувањето на базенот месечно ќе чини околку милион и пол денари,Каевски го теши-со домаќинско стопанисување ќе се најделе пари за рентабилно работење на базенот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This