Бpaќa oд ceлo Граешница зaвpшиja зaд peшeтки: Пpи извpшeн пpeтpec, кaj нив билa пpoнajдeнa дpoгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица, браќа на возраст од 33 и 29 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес од овластени службени лица на 20.2.2021 година, во домовите на двајцата осомничени во село Граешница пронајдена е наркотична дрога. Осомничените, од засега непознати лица, неовластено ја набавиле дрогата со намера да ја продадат. Кај едниот од нив, наркотичната дрога марихуана во вкупна нето маса од 1843,6 грама била пронајдена во помошна просторија која е во состав на неговото дворно место. При претресот биле пронајдени и 566 семки со нето маса од 6,92 грама, за кои осомничениот знаел дека се наменети за производтсво на наркотични дроги.

Во помошна просторија која се наоѓа во дворното место на вториот осомничен, службените лица при вршење на претресот пронашле гранки, листови и врхушки од растението Канабис Сатива, од кое со понатамошна преработка може да се добијат опојни дроги.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за двајцата осомничени.​ Основиот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи протвор во траење од по 30 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This