БPУKA HEBИДEHA: Koj нaплaќa за кopистење на игpaлиштата кoи ги изгpaди Гpyeвcки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го спроведе еден од најмасовните проекти за подобрување на физичко здравје на граѓаните, но и младината, проект во кој се предвидуваше изградба на 100 повеќенаменски игралишта ширум државата. Овој проект беше спроведен во целост.

Повеќенаменско игралиште доби и општина Крива Паланка во близина на училиштето „Јоаким Крчовски“, на отварањето на игралиштето во 2014-та година присуствуваше лично и екс премиерот Никола Груевски.

Но сепак некој се решил да профитира од потта на другите и од парите на граѓаните. Средствата за изградба на овие игралишта беа овозможени директно од Владата и буџетот преку Агенцијата за млади и спорт, што значи дека истите се изградени со парите на граѓаните, а денес граѓаните треба повторно да плаќаат за да ги користат истите.

Ваков е случајо со повеќенаменското игралиште во Крива Паланка каде од пред неколку дена на оградата е поставен ценовник. Ваквата одлука ја донесе Советот на општината каде мнозинството го има Социјал демократскиот сојуз, одлука со која граѓаните за да го користат игралиштето треба да платат.

Се поставува прашањето дали локалните власти ширум државата планираат да заработуваат на грбот на граѓани за игралишта кои што се изградени од нивни пари и од некоја претходна власт која имаше попаметна работа од отстранување на национални симболи од шахти и плоштади?

Во услови на длабока економска криза и светска пандемија ваквата одлука на Советот на општината е во најмала рака скандалозна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This