Бpyка: Maкедонците во Швajцарија бapаат дocтоинствен тpeтман од своjaта амбacада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците кои живеат во една од најбогатите држави на светот разочарани од третманот на својата амбасада покренаа Иницијатива за подобрување на услугите за македонските граѓани во дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Швајцарија.

Граѓаните на Македонија со престој во Швајцарија претставувани преку иницијативниот одбор формиран во групата Македонци во Швајцарија (Makedonier in der Schweiz) бараат поефикасно и подостоинствен третман на амбасада во Берн за своите граѓани.

Во продолжение целата петиција во која се нудат и решенија на проблемите:

Почитувани,

Ние, Македонците кои живеме во Швајцарија, се обраќаме до Вас со желба да се оптимираат услугите на нашите служби во Швајцарија. Бројот на доселеници од Македонија во Швајцарија континуирано расте, додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на нашето дипломатско-конзуларно претставништво остана исто. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Швајцарија.

Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации.

Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е скоро невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување. Исто така овие патувања се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки тука имаме работни обврски.

Понатаму, достапноста на информации е на едно поразително ниво. Веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници. Ниту пандемијата како вонредна состојба во целиот свет не смени ништо во начинот на информирање, иако тоа беше попотребно од било кога.

Бараме и ги предлагаме следните мерки и подобрување на услугите:

1. Подобрување на информираноста на граѓаните.

– Бараме формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва.
– Дежурниот центар може да е со седиште и во Македонија или во Швајцарија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен швајцарски фиксен телефонски број.
– Дежурниот центар да е достапен на литературен македонски јазик, како и на јазиците на националностите кои живеат во Македонија

2. Можност за поднесување на документи и добивање на патна исправа во ДКП

– Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија
– Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта
– електронско поднесување на барањето за обнова на документите
– можност за фотографирање, исто како и во службите во С. Македонија
– опремување на ДКП како би било достапно за повекето грагани кои живеат на територијата на Швајцарија.
– Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија
– Изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а министерството да склучи и договор со авио компаниите кои би ја доставувале поштата.
– Готовите патни исправи да се доставуваат на граѓаните во Швајцарија лично или преку курирска служба со препорачана пошта до лицата кои со потпис и документ за идентификација ќе си ги добиваат на домашна адреса, како не би морале да патуваат два пати во ДКП.
– За таа цел Амбасадата во Швајцарија да склучи договор со една од курирските служби кои ќе го извршуваат доставувањето
– Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеке од двојно на една пасошка служба во Македонија

3. формирање на заеднички совет (Мин. За Надворешни, ДКП, Иницијатива на граѓани) кој ќе ја следи и ќе дава препораки за подобрување на услугата на ДКП во Швајцарија

– формирање на заеднички совет кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник кој ќе се доставува до владата и министерството за надворешни работи
– советот ќе има за цел да дава предлози за подобрување на услугата на ДКП кои ќе се доставуваат и имплементираат заедно со министерството за надворешни работи и ДКП во Швајцарија.

Барањата се наслонети на начинот на работење на амбасадата во Швајцарија, така што не се работи за нереални барања. Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се овозможи достоен сервис за напите граѓани.

2020 иницијативен одбор

Македонци во Швајцарија – Makedonier in der Schweiz

/претставуван од Дејан Камчев/

Петицијата која досега ја потпишале околу 800 Македонци може да ја потпишете на овој линк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This